Здружение ФоКУС

Здружение за развој и промоција на добри и позитивни промени засновани на христијанските духовни и морални вредности. На овој начин, на луѓето им даваме надеж и визија за подобра иднина, овозможувајќи им да учат, стекнуваат и развиваат различни вештини со цел подобро да се запознаат себеси, да ги подобрат односите со другите и да придонесат за позитивни промени во општеството.


НАШИТЕ ПРОЕКТИ

Летни кампови

Додека патуваме низ животот, често се потсетуваме за важноста на верата, семејството и пријателите. Но, сепак во метежот и вревата на секојдневниот живот, лесно е да се изгуби од вид она што е навистина важно - врската што ја споделуваме со нашите најблиски. Поради тоа нудиме кампови дизајнирани за целото ваше семејство. Нашите фамилијарни кампови не само што нудат можност за квалитетно семејно време, туку и можност за духовна изградба и зближување со семејството.

Англиски
Фамилијарен камп


Фамилијарниот камп нуди ретка можност за повторно поврзување и создавање посебни спомени

кои ќе траат цел живот. Тоа е шанса да се оттргнеме од екраните и распоредот и да се нурнеме во

убавината на природата, смеата и заедништвото, водени од безвременската мудрост на

Библијата.

Ќе имате и уникатна можност да се дружите со нашите пријатели од Калифорнија, да уживате во

звуците на гитарата и да вежбате Англиски јазик.


Фамилијарен Камп
Охрид 2025


Замислете да тргнете на трансформативно четриридневно патување, исполнето со многу смеа и радосни моменти, камп дизајниран за целото ваше семејство. 

Гости говорници

Џон и Мери Хендестон од Тексас, УСА 

Тие се брачен пар кој имаат 3 деца и 2 внучиња. Мери е лиценциран брачен и семеен советник, а Џон долги години е вработен во меѓународната организација Кру и им помага на луѓето да се изградат во квалитетни водачи во ова општество

ПО ПАТОТ НА НАДЕЖТА

Жените денес сеуште треба да изберат да ја откријат својата вистинска вредност.

По патот на надежта содржи осум лекции кои ќе ве поттикнат кон размислување како да ја доживеете Божјата љубов и сила во вашата животна ситуација. Тргнете на пат

денес, со вашите пријателки и со жените од минатото, за да ја откриете надежта за вашата иднина.

УМЕТНОСТА НА БРАКОТ

Шаренилото во бракот го даваат личностите, страстите и искуствата. Да се има успешен брак е божествено инспирирана уметничка форма...


Овој прирачник (плус шест видео сесии) не е обмислен да ви ги даде вистинските одговори, туку да ви даде можност да размислувате за вашиот живот и да ве поттикне да размислувате додека учите повеќе за бракот.


Се надеваме дека ќе има доволно корисни работи за вас што ќе ве натераат да го ставите на дофат и почесто да го прелистувате. 

УМЕТНОСТА НА РОДИТЕЛСТВОТО

Да се биде мајка или татко значи да се има една од најблагородните работи во животот. Но, исто така и една од најтешките. Бебето што одбива да спие, ќе биде детенце што одбива да јаде, а подоцна и тинејџер што одбива да комуницира. Секој ден е тежок и напорен, но секој родител има потреба од помош и охрабрување


Во родителството постои пристап што може да го намали стресот и да ја зголеми хармонијата во твојот дом. Втемелено на долгогодишното искуство на Денис и Барбара Рени и други познати семејни советници, „Уметноста на родителството“ ги посочува главните проблеми со кои треба заедно да се соочат родителот и детето.

РАШИРЕТЕ КРИЛЈА

Без разлика во коj период се наогате од животот или во какви околности се наоѓате, овој курс ќе ви помогне да откриете повеќе за себеси и да си одговорите на четирите прашања што жените честопати си ги поставуваат:

  1.  Која сум јас?
  2. Зошто сум тука?
  3. Каде одам?
  4. Како да стигнам таму?

Програмата - РАШИРЕТЕ КРИЛА е специфично дизаінирана за жени и се користи во услови посебно создадени за обука во мали групи. Се базира на шест животни принципи. Заедно со другите жени од групата, вие:

  1. Ќе ги разберете различните аспекти на вашата лична уникатност
  2. Ќе ги откриете страстите на вашето срце
  3. Ќе го дефинирате вашиот животен темел
  4. Ќе ја откриете вашата животна насока, смислата и целта на животот
  5. Ќе научите како да поставите граници и да донесувате мудри одлуки
  6. Ќе се здобиете со самодоверба да одите напред во животот


НАШИОТ ТИМ

Thomas Green

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Veritatis, dolorem!

Melissa Doe

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Veritatis, dolorem!

Alex Samok

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Veritatis, dolorem!

КОНТАКТИРАј нѐ


Адреса:
Ул. 20ти Октомври бр:8
Скопје
Р. Македонија